Обвинителката на Еулекс- нов Асанж?!

29.10.2014 14:03

Таа е во фокусот на корупцискиот скандал што ја тресе мисијата, а го објави „Коха Диторе“...

Обвинителката на Еулекс, Марија Бами се заканува дека ќе биде новиот Асанж што ќе ја потресе Европската унија.

Таа е во фокусот на корупцискиот скандал што ја тресе мисијата, а го објави „Коха Диторе“. Главната обвинителка Јарослава Новотна забранила истрага против екс претседателот на собранието на судии Франческо Флори.

Тој е осомничен дека зел 370 илјади евра мито од Албанец, но на барање на поранешниот шеф на мисијата Бернд Борхард случајот бил заташкан.

Сега Бами е под истрага и суспензија поради одлив на информации, иако ги обезбедила доказите.