Грција и Шпанија со највисоки стапки на детска сиромаштија во светот

29.10.2014 14:07

Економската криза турнала во сиромаштија 800 илјади деца во Шпанија, соопшти УНИЦЕФ. Земјата има една од највисоките стапки на детска сиромаштија во светот – 36,3 проценти.

„Неопходен е голем национален договор меѓу политичките и социјалните актери за заштита на правата на децата“, вели Марта Аријас, УНИЦЕФ.

Уште полошо е во Грција, каде што во сиромаштија живеат 40,5 проценти од децата. Во 41 најбогата земја во светот од беда страдаат 2,6 милиони деца, а стапката е во пораст во Исланд, Латвија, Хрватска, Италија и Франција.