МЗТ Скопје најавува кадровски освежувања пред дербито со Работнички

Диксон нов плејмејкер, можен договор и со Дамјан Стојановски

29.10.2014 13:29

Американецот Дион Диксон многу веројатно ќе биде нов плејмејкер на МЗТ Скопје Аеродром. Тој деновиве доаѓа на проба во македонскиот кошаркарски првак и ако го задоволи новиот тренер Врбица Стефанов, ќе остане како главен креатор и идеолог на нападите.

Американецот Дион Диксон многу веројатно ќе биде нов плејмејкер на МЗТ Скопје Аеродром. Тој деновиве доаѓа на проба во македонскиот кошаркарски првак и ако го задоволи новиот тренер Врбица Стефанов, ќе остане како главен креатор и идеолог на нападите.

25-годишниот Диксон би можел да го наследи Грузиецот Георги Цинцадзе, којшто наводно веќе и не тренира со тимот на МЗТ, незадоволен од статусот што го има кај Стефанов. Цинцзадзе беше доведен по барање на Змаго Сагадин, но се повреди пред заминувањето на Словенецот, по што новиот тренер нема преголема доверба во него. Пред неколку дена екипата ја напушти и Хрватот Ведран Моровиќ, којшто исто така беше ангажиран како засилување на плејмејкерската позиција, но не покажа премногу и беше ослободен од обврските.

Најавите за кадровско освежување пред првото дерби со Работнички во домашното првенство за наредната среда, ги надополнуваат и информациите дека повторно е актуализирана можноста за нов договор со репрезентативецот Дамјан Стојановски. Тој во моментов нема клуб, откако претходно три сезони го носеше дресот на МЗТ.

Потенцијалното засилување Дион Диксон настапува во либански Хоменетмен од Бејрут, откако европската кошарка првпат ја почувствува преку АЕК Аполон од Кипар. Претходно, четири сезони играше за универзитетскиот тим на Синсинати.