ФЗОМ: Полесен пристап до лекови и финансиско олеснување за пацинтите
20 илјади осигуреници со инфаркт и мозочен удар, годишно ќе заштедат до 70 илјади евра. Досега овие болни лекот клопидогрел го купуваа приватно, а од следниот месец тоа ќе можат да го направат со рецепт во која било аптека што има договор со Фондот...

Полесен пристап до терапија за заболените на тироидната жлезда. Наместо на Институтот за патофизиологија, 10 илјади осугуреници со потврдена дијагноза, лабораториски испитувања и продолжување на терапијата ќе добиваат кај матичен лекар. На овој начин ќе им се намалат и трошоците и гужвите.
„Се работи за хроинична болест која бара доживотна терапија, улогата на матичните лекари ќе биде во следењето на соодветноста на дозата, тие се едуцирани како тоа да го направат, со нивото на хормонот тие понатаму ќе ја продолжуваат терапијата, пациентот нема да треба само за продолжувањето на терапијата да доаѓа на терцијарно ниво“, рече проф. д-р Даниела Миладинова од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина.
20 илјади осигуреници со инфаркт и мозочен удар, годишно ќе заштедат до 70 илјади евра. Досега овие болни лекот клопидогрел го купуваа приватно, а од следниот месец тоа ќе можат да го направат со рецепт во која било аптека што има договор со Фондот.
„Кардиолог или интернист може да го препорачува лекот на пациенти со инфаркт на срце, со акутен коронарен синдром и со акутен инфаркт на срце подобни за терапија со тромболитици. Нервролози и невропсихијатри може да го препорачаат лекот на пациенти со исхемичен мозочен удар“, рече Маја Паранџиева – Змејкова, директор на ФЗОМ.
Овој лек во земјава го произведуваат 10 фармацевтски компании што обезбедува и добра конкуренција на пазарот.
Од идниот месец Фондот за здравство на осигурениците ќе ги рефундира парите за лекови купени во странство, без разлика дали се регистрирани во македонија или не.
Андријана Атанасовска
