Помало загадување и заштеда: Гасифицирана болницата „8-ми Септември“
Според директорот, во буџетот ќе остануваат од 150 до 200 илјади евра годишно кои ќе се користат за купување нова опрема, за воведување нови методи, како и за усовршување на медиционскиот тим...

40 тони сулфур годишно помлаку во воздухот. По Kлиничкиот центар, од денеска на гас почна да работи и Градската општа болница „8 – ми Септември“.
„Имаше вест дека има пожар. Тоа не беше последица на пожар, туку причината беше трошењето на иладници тони мазут. Некогаш се трошеа по 2.000 тони мазут, со рационализација намаливме на 1000-1100. Со огромна продукција на сулфур диоксид и загадување на главниот град“, изјави проф. д-р Сашо Стојчев, директор на градската општа болница 8-ми Септември.
Освен што нема да загадува, болницата и ќе штеди. Според директорот, во буџетот ќе остануваат од 150 до 200 илјади евра годишно кои ќе се користат за купување нова опрема, за воведување нови методи, како и за усовршување на медиционскиот тим.
„Министерството за здравство со гасификацијата на двата здравствени капацитета практично ги стави надвор од функција двата најголеми загадувачи“, рече министерот за здравство Никола Тодоров.
Просечно, секој жител на Скопје вдишува 20 килограми отровни гасови годишно. И оваа грејна сезона не почна многу поразлично од лани. Нивото на загадувањето е над дозволеното.
Последните мерења на загаденост покажуваат дека состојбата е загрижувачка. Најкритично е во скопско Лисиче, таму беа измерени над 400 микрограми ситни честички на кубен метар воздух, што се десет пати над дозволеното.
Наташа Јанчиќ
