Кремљ ги демантира гласините за болеста на Путин
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес ги негирал извештаите на странските медиуми дека рускиот претседател Владимир Путин е сериозно болен.
“Гризнете јазик! Се’ е во ред”, рекол Песков, пренесуваат руските медиуми
„Њујорк пост“ на 24 октомври објавил вест на основа на неименуван извор дека Путин има тумор на панкреасот и дека наводно го лечи постар лекар од поранешна Источна Германија, кого Путин го запознал додека за КГБ служел во Дрезден.

Според некои шпекулации, како што пренесува, на Путин му преостанале уште само три години живот, и сака како Петар Велики и Сталин да ги прошири руските граници. Тоа е причината, како што е наведено во текстот, за неговата желба да изврши инвазија на Украина.