Џихадистите од ИД ликвидирале 46 припадници на племе во Ирак

29.10.2014 18:35

Џихадистите од групата Исламска Држава (ИД) погубиле најмалку 46 припадници на едно племе во ирачката провинција Анбар, соопштија денеска локални претставници.

Убиените биле припадници на племето Албу Нимр, чии членови се бореле против џихадиситте во провинцијата.

ИД минатите месеци освои големи делови од Ирак и Сирија, каде курдските сили, потпомогнати од воздушните напади на САД, со недели се борат против џихадистите во оклината на градот Кобане.

Од почетокот на офанзивата од страна на џихадистите кај Кобане, на 16 септември оваа година, во борбите во и околу градот загинаа повеќе од 800 лица.