+7 за успешен старт

29.10.2014 21:37

Очекувана,убедлива победа на нашата најдобра ракометна репрезентација на стартот од циклусот квалификации за европското првенство во Полска во 2016-тата во дуелот со Швајцарија, на крајот изразена со 7 голови разлика, 27-20.

Очекувана,убедлива победа на нашата најдобра ракометна репрезентација на стартот од циклусот квалификации за европското првенство во Полска во 2016-тата во дуелот со Швајцарија, на крајот изразена со 7 голови разлика, 27-20.

Македонските ракометари резултатски доминираа од почеток до крај на натпреварот, правеа и доста грешки како резултат на честите ротации но и очигледниот недостаток од натпревари кај дел од нив, но сепак демонстрираа разлика во класа и го исполнија ветеното: Стартна победа за радост на околу 5000 навивачи во СЦ Борис Трајковски и за самодоверба  пред гостувањето во Чешка в недела.

Капитенот Кире Лазаров со вкупно 13 од кои 7 голови во првото полувреме ја предводеше нашата селекција до 12-8 на полувремето. Швајцарија се закани на почетокот на второто со серија 3-0 и се врати на минус 1, но нашите брзо се консолидираа вратија со идентична серија и до крајот ја зголемуваа предноста која на моменто беше и +8.

Во честата ротација на селекторот Обрван шанса добија речиси сите со исклучок на Ангелов кој не сакаше да ја прекине добрата партија на Борко Ристовски кој натпреварот го заврши со 15 интервенции. Сепак  и покрак убедливата победа евидентни беа слабостите во одредени фази на играта, но по само два заеднички тренинга веројатно и беа за очекување, па според селекторот трите дена до гостувањето во Чешка ќе бидат добредојдени за елиминација на недостатоците и евентуалниот обид да се изненади противникот  кој речиси и да не знае за загубен натпревар на домашен терен.