Вардар незадржлив
Започнува ли диференцијацијата на квалитетот во фудбалското првенство на Македонија? Вардар останува неприкосновен лидер на табелата.Го совлада Тетекс со високи 5:0 демонстрирајќи ја својата фудбалска моќ. Работнички оствари вредна победа на гостувањето во Кратово совладувајќи го Силекс со 2:0. Шкендија го порази Металург со 2:1.Ренова постигна еден гол во Битола, освојувајќи три злато вредни бода. Поразот на Пелистер е главното изненадување на колото.Брегалница и Хоризонт ги поделија бодовите- 1:1.

Започнува ли диференцијацијата на квалитетот во фудбалското првенство на Македонија? Вардар останува неприкосновен лидер на табелата.Го совлада Тетекс со високи 5:0 демонстрирајќи ја својата фудбалска моќ. Работнички оствари вредна победа на гостувањето во Кратово совладувајќи го Силекс со 2:0. Шкендија го порази Металург со 2:1.Ренова постигна еден гол во Битола, освојувајќи три злато вредни бода. Поразот на Пелистер е главното изненадување на колото.Брегалница и Хоризонт ги поделија бодовите- 1:1. Хоризонт целото второ полувреме го одигра без исклучените Пандев и Мавров.Работнички и Шкендија засега ја губат трката со вардар за титулата, но ја добиваат битката за излез во Европа.Пет екипи ја сочинуваат „златната средина“, Брегалница е со големо заостанување, а Тетекс закован на дното без победа во првенството.
Прва лига-13 коло:резултати
Брегалница-Хоризонт 1:1
Пелистер-Ренова 0:1
Шкендија –Металург 2:1
Силекс-Работнички 0:2
Вардар-Тетекс 5:0
Табела:
1.Вардар 33
2.Работнички 25
3.Шкендија 24
4.Металург 18
5.Силекс 18
6.Пелистер 17
7.Хоризонт 16
8.Ренова 16
9.Брегалница 9
10.Тетекс 2
