Кошарка

Патот на ЕП води преку Дизниленд

30.10.2014 10:00

За претставниците на 24 –те земји учеснички на следното Европско првенство во кошарка на 8 декември ќе биде и возбудливо и забавно! Извлекувањето на жрепката за составот на групите ќе се одржи во Дизниленд во Париз!Во еден од најатрактивните простори на француската метропола ќе бидат формирани четирите групи, секоја со по шест репрезентации.

Прв пат во историјата на Европските првенства натпреварите од групната фаза ќе се одвиваат во четири земји, во Франција, Германија, Хрватска и Летонија. Дел од овој фестивал на европската кошарка ќе е и селекцијата на Македонија.

Во кој правец „светлечките дизнилендски топчиња“ ќе ги испратат нашите кошаркари? Кон Монпеље, Берлин, Загреб или Рига? Тоа се градовите во кои ќе се водат прелиминарните битки.

Желбата е, Македонија во петтото свое учество на ЕП да обезбеди пат и во Лил, каде што ќе се одвива завршната нокаут-фаза. Бидејќи, од Лил се отвораат хоризонтите за учество на Олимписките игри во Рио, 2016 година.