70 години МРТ: Скапоцена документарна содржина за одбележување на јубилејот
Веќе се реализирани 60-тина ВРЕМЕПЛОВИ на чија реализација работеше броен тим од сите професии, во кои се навраќаме кон генерациите кои имале чест да го изградат овој моќен систем и во кои е претставен ретроспективен поглед на дел од најзначајните програмски оставрувања низ децениите...

Во пресрет на големиот јубилеј – 70 години од основањето на МРТ, сегашната генерација ги доби обврската и привилегијата да го одбележи овој наш значаен национален седум децениски јубилеј.
Македонската Телевизија одбележувањето на јубилејот го сегментираше во два програмски појаси.
Веќе се реализирани 60-тина ВРЕМЕПЛОВИ на чија реализација работеше броен тим од сите професии, во кои се навраќаме кон генерациите кои имале чест да го изградат овој моќен систем и во кои е претставен ретроспективен поглед на дел од најзначајните програмски оставрувања низ децениите.
За потребите на проектот, Одделението за документација успеа да обезбеди ексклузивни материјали од стари формати, како што се филм, ју матик, квадри и це форматот, кои датираат од 60-те години на 20-от век, од самите почетоци на телевизијата.
Наскоро гледачите ќе имаат можност да ги видат овие скапоцени парчиња од ризницата на нашата национална визуелна архива.
Во постпродукциска фаза е документарниот филм „РАКОПИС НА СВЕТЛИНАТА“, кој дава една реална работна визура за начинот на кој функционира сложениот организам на МРТ, за тоа како поминува еден работен ден, виден од аспект на неколку специфични професии во медиумот, за преднсотите, предизвиците и тешкотиите на оние кои ја создаваат програмата. Емитувањето ќе биде во тект на месецот декември.
Јубилејните програмски содржини се реализираат во рамкоте на Играно- документарната програма на МТВ.
Уредници на содржините се Билјана Жеревска и Татјана Петровска.
Ретроспективата на изминативе седум децении, дава увид во значењето кое го има МРТ и кое се одвиваше паралелно со развојот на нашата држава, и уште повеќе ја нагласува одговорноста во поставувањето на плановите и визиите за иднината на оваа наша најзначајна медиумска куќа.
