Волерс ги охрабри стружани и понатаму да го градат заедништвото

30.10.2014 10:36

Американскиот амбасадор во заминување, Пол Волерс, ги охрабри стружани и понатаму да го градат заедништвото на темелите на разно видноста на културите на националностите што на овие простори опстојуваат со генерации...

Американските катчиња во Македонија овозможуваат македонските граѓани поблиску да се запознаат со американската историја и култура, соживотот кој тие го негуваат со векови. И стружани можат да ги споделат своите искуства од мултиетничкиот соживот во нивната средина што тие го негуваат со генерации. Поттикнувајќи го и понатаму заедништвото меѓу различностите, амбасадорот Волерс ја истакна уште еднаш поддршката за македонскиот народ.

Ова беше вистинска шанса ние како Американска амбасада преку Американското катче да ја прикажеме нашата Американска историја, култура и образование а со тоа да отвориме едни нови можности за жителите на Струга а како подарок за учениците да им дадам 4 електронски читачи или таблети Киндл кои се надевам дека ќе им бидат добредојдени за проширување на нивното образование и видиците пошироко, рече Пол Волерс, амбасадорот на САД во Р.Македонија.

Но она што го воодушеви Волерс, најмногу е мултиетничноста на ова училиште, кое треба да претставува пример за останатите училишта во нашата земја во кое учат ученици од Македонска, Албанска и Турска националност.

Овде секогаш има нови проекти кои се работат заеднички и мислам дека ова школо е пример за сите други училишта во Македонија, додаде Волерс.

Благодарност за целокупната поддршка упати и директорот на училиштетот Браќа Миладиновци од Струга.

Подароците што ни ги даде амбасадорот ќе ги користат нашите ученици, едноставно технологијата го прави своето. Ќе бидат достапни за сите ученици кои ќе сакаат да ги користат во просториите на нашата библиотека, рече директорот на ОУ Браќа Миладиновци, Агни Неџипи.

Ова беше и последната посета на Пол Волерс во Струга а на негово место треба да дојде новиот амбасадор во Р.Македонија Џес Бејли. Бејли доаѓа на местото на актуелниот амбасадор, кој во Македонија амбасадорската функција ја извршува уште од 2011 година.

 

Јованчо Наумоски