Гевгелија ќе добие пречистителна станица

30.10.2014 11:09

Со изградбата на пречистителната станица во Гевгелија во Вардар ќе се слева вода од прва категорија, а овој капитален објект ќе се гради со донации од Швајцарија и Грција, но и со домашен капитал. Швајцарскиот амбасадор и македонскиот министер за животна средина го посетија теренот на кој ке се гради станицата...

Се е комплетно завршено за официјален почеток на градбата на пречистителната станица во Гевгелија. Ова го заклучија, министерот за животна средина Нурхан Изаири, амбасадорот на Швајцарија, Стефано Лазарото  и градоначалникот Иван Франгов по работната посета на теренот каде ќе никне филтер центарот. Изграден е пристапниот пат и мостот до локацијата, а анадминати се и техничките проблеми, уверуваат надлежните.

Изградбата на пречистителната станица е комплексен проект, посочи амбасадорот.... Според него, учеството ан трите страни, Швајцарија, Македонија и Грција овозможува и брзо решавање на проблемите.

Со изградбата на станицата, во реката Вардар ќе се слева отпадна вода од прва класа, посочи градоначалникот Франгов. Ова е капитален објект за општината  кој е димензиониран за 30 илјади жители.

Вкупната финансиска вредност на пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија е проценета на 9,6 милиони евра, од кои 6,8 милиони евра се донација од швајцарската влада, 1,84 милиони евра се донација од владата на Грција, додека останатиот дел од средствата се обезбедени од државниот буџет на земјава. 

 

Катерина Давчева