Претседателот Иванов во официјална посета на Србија

30.10.2014 11:12

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во официјална посета на Република Србија.
 
Шефот на македонската држава, како што инфомира неговиот кабинет, утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Томислав Николиќ, а ќе има средба и со претседателот на Народното Собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ.
 
За време на посетата, претседателот Иванов во Панчево ќе се сретне со претставници на македонското национално малцинство во Србија.
 
Во сабота Иванов во Белград ќе учествува на 38-та средба на Европската група на Трилатералната комисија.