Кумановскиот регион изобилува со археолошки локалитети

30.10.2014 11:17

Интензивно се истражува на локалитетот Визианус кој заедно со другите локалитети како на пример кокино се вистинска туристичка атракција...

Римската бања која ја открија кумановските археолозите на локалитетот Црквиште кај кумановското село Клечовце ги потврди претпоставките дека овде има средновековна населба слична на Стоби, Херкалеа и Скупи. Со целосното истражување и конзервација, овој богат археолошки локалитет ќе биде 14-та културна атракција во куманоско-козјачкиот регион кој ќе привлече бројни туристи.

„Се договоривме и следата година интензивно да се продолжи со истражувањата се со цел до крајот на годината да имаме целосни наоди и на црквата и на бањата овде на Визианус и да го заокружиме тој процес.Музејот Куманово има конкурирано со проект за овој локалитет,а ние како Министертво ќе го ставивме на листата на приоритетните проекти“, изјави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска при посетата на локалитетот Визианус.

Интензивните ископувања на Визианус започнаа минатата година кога беше пронјадена  ранохристијанска црква која датира од 11 –тиот век.

Од спротивната страна на црквата долга 35 метри се наоѓаат римски гробови и цела населба која допрва ќе се открива.

„Не секоја римска населба имала бања.Оваа што ние го откривме на Визианус  е голема цивилизациска придобивка, а уште повеќе  интргира податокот дали оваа бања била градска или пак на некој богат римјанин сместена во палата.Во секој случај бањата што ќе ја истражиме следната година ќе биде една од неколкуте римски откриени во Макеоднија“, вели архелогот Дејан Ѓорѓиевски.

Како што беше најавено од Министерството за култура на локалитетот Кокино завршено е инфраструктурно уредување со поставување на ограда и информативни табли на македонски и англиски јазик.

За уште поголема афирамција на Татиќев камен следната година, на 21 јуни на летната раноденица  ќе се одржи Меѓународен фестивал со учество на голем број држави кои се занимаваат со истражувања на мегалотски опсерватории.

 

Габриела Димковиќ