За четири месеци сексуално злоставувани две малолетни деца во Воспитно- поправниот дом во Велес
Што се случува во Воспитно поправниот дом во Велес? За четири месеци сексуално се злоставувани две малолетни деца. Од институцијата молк. Социолозите велат алармантна е состојбата. Предлагаат воведување на видео надзор осовено за лицата кои се осудени за сторено кривично дело полов напад...

Ново сексуално злоставување во Воспитно поправниот дом во Велес. Го извршил малолетник врз негов врсник, и претходно осуден за силување. Безуспешни беа нашите обидите да стапме во контакт со надлежните од Воспитно поправниот дом во Тетово под чија надлежност е и велешкиот.
Сличен ваков настан во оваа институција се случи пред пет месеци. Тогаш еден штитеник сексуално беше злоставуван од четворица други. И тогаш и сега вратите на оваа институција останаа затворени за медиумите. Одговор немаше кој да даде на многуте отворени прашања.
Состојбата е алармантна, велат социолозите. Се сомневаат дека комплетно затаила работата на социо психолошката служба. Имаат предлго решение дека истрагата на Јавното обвинителство по двата случаеви на сексуално злоставување е во тек.
„Ако има по одговорен однос на вработените кон овие состојби кои ни се повторуваат јас мислам дека ќе се намали и ризикот на повторување на делата.. Затворските власти да размислуваат и на воведување на видео надзор со цел да ги спречиме не само последиците туку и причините“, вели Љубе Лучков, социолог.
Во Воспитно поправниот дом во Велес, на издржување казна се малолетни лица кои најчесто се осудени за кривично дело - тешки кражби.
Дијана Иванова
