Ебола во САД: Медицинската сестра во карантин се заканува дека ќе се жали на суд

30.10.2014 12:21

Медицинската сестра Кејси Хикокс која е ставена во карантин под сомнение дека има ебола и покрај негативните тестови по враќањето од Западна Африка постави ултиматум, да ја пуштат денес или оди на суд.

Здравствените власти на САД ја задржаа во карантин кој би требало да трае до 10-ти ноември. Американскиот претседател вчера ги критикуваше политичарите кои бараат задолжителен карантин и строги забрани за патувања.

Според најновите извештаи на медицински тимови кои работат на третман на ебола, младите луѓе имаат помала шанса да умрат од вирусот, а лекувањето во рана фаза е од клучно значење.