Ставрески: „Дуинг бизнис“ објективно ги вреднува реформските зафати на Македонија
Извештајот на Светска банка, Дуинг бизнис, се смета за еден од најреферентните кога странува збор за споредба на една земја со друга...

Извештајот на Светска банка е реален и објективно ги вреднува реализираните реформски зафати, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Македонија се најде меѓу 30-те земји рангирани во најновиот „Дуинг бизнис“ извештај на Светска банка. Со ефективна даночна стапка од 7,4 насто Македонија се најде на првото место во светот.
„Бизнисот, односно домашните фирми, домашното стопанство, исто како и странските фирми, вкупно земено се најмалку оптоварени во Република Македонија во однос на даноци, споредено со било која друга земја во светот. Со седум процедури за плаќање даноци годишно, Македонија е рангирана на 13-то место во светот, значи уште еден подиндикатор, а во Европа сме на 5-то место според бројот на процедури, значи тука, во однос на едноставноста на даночната администрација и наплатата на даноци, направивме извонреден скок, рангирани сме на 5-то место во Европа“, објаснува вицепремиерот Ставрески.
Извештајот на Светска банка, Дуинг бизнис, се смета за еден од најреферентните кога странува збор за споредба на една земја со друга.
Ако Македонија со години е лидер во регионот и меѓу подобврите во светот тоа покажува дека од аспект на условите за водење бизнис, добро се поставени работите, нагласува Ставрески.
