Стартува изградбата на третата фаза од експресниот пат Велес- Штип

30.10.2014 13:28

Како што појасни министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, првата делница е веќе завршена, втората што е до Лозово 30 проценти е веќе завршена, а на третата делница со 90 проценти се завршени земјените работи...

Почна изградбата на третата фаза од експресниот пат Велес- Штип на делницата до Кардифаково. Неговата реализација ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе го скрати времето на патување.

Третата фаза на овој пат во должина од 10,9 километри, во вредност од околу 7,5 милиони евра, треба да биде готова за 18 месеци односно  до април 2016 година. Според министерот Јанакиески, ако има поволни временски услови,  ќе биде готова нешто порано  од крајот на 2015 година.

Како што појасни министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, првата делница е веќе завршена, втората што е до Лозово 30 проценти е веќе завршена, а на третата делница со 90 проценти се завршени земјените работи.

Почна да се става првиот слој на асфалт и доколку не послужат временските услови некаде околу 50 проценти од градежните работи ќе бидат завршени и очекуваме оваа делница некаде во септември-октомври наредната година да биде завршена, најави министерот Јанакиевски.