Дроновите може да станат алатка на терористите!
Напреднатата и развиена технологија сепак не може да предвиди дали некој може да употреби дрон опремен со биолошко или хемиско оружје...

Њујоршката полиција стравува дека дроновите, со последните иновации во технологијата, може да станат алатка на терористите. Полицијата активно бара начини да ги запре нападите од дронови, иако се уште не постојат безбедносни информации за веќе употребени дронови во терористички напад од воздух. Не можете ни да претпоставувате што може да се случи – дронот точно ја погодува целта, вели началникот на њујоршката полиција.
„Најдобрата алатка би било да го следиме летот на дронот, да го донесеме до сигурна локација, каде што може да провериме дали има оружје или не. Во моментов за тоа не сме подготвени, но наскоро се надевам дека ќе бидеме“, вели Салваторе Дипес, началник на њујоршката полиција.
Напреднатата и развиена технологија сепак не може да предвиди дали некој може да употреби дрон опремен со биолошко или хемиско оружје. Забележан е еден дрон опремен со проектили, и тоа беше доволно да се алармира. Има голем раст на употребата на дронови во Њујорк, веќе 40 годинава.
„Овие направи имаат големи капацитети, може да се постават на камера или на која било друга направа. Њујоршката полиција стравува дека некој може да стави внатре експлозив или друга материја и да ја активира на претходно одредена локација“, изјави Џими Коун, инспектор во њујоршката полиција.
Проблем имаат и хеликоптерите на полицијата. Минатата година е избегнат судир на полициски хеликоптер со дрон. Треба да се создаде софтверски систем за следење на дронови, сметаат надлежните од њујоршката полиција.
Наташа Гркова- Петрушевска
