Ракомет

По Швајцарија, Чешка

30.10.2014 13:35

Првиот исчекор кон европското во Полска е направен, фаворитското бреме сега е префрлено на селекцијата на Чешка...

Целта е исполнета, двата бода се на контото на македонската ракометна гордост, стартот што понекогаш знае да биде тежок го обележа убедлива победа над Швајцарија . И тоа останува. Можеби недостасуваше течност во играта и акциите, бројот на техничките беше голем, ја немаше еуфоричноста и атрактивноста, но постојаната ротација, едниот комплетен тренинг пред мечот, скромната клупска минутажа кај дел од репрезентативците остава многу простор за корекции и очекуван прогрес.

Првиот исчекор кон европското во Полска е направен, фаворитското бреме сега е префрлено на селекцијата на Чешка. Неделниот натпревар во Злин нема да ги реши патниците од нашата група на европското во 2016-та, но за нас може да претставува безмалку обезбеден пласман.

Митот за селекцијата што незнае за пораз дома го наруши Русија пред две години.Подмладувањето и отсуството на неколку квалитетни ракометари во составот на Чешка не мора ништо да значи за селекцијата што е редовен учесник на големите манифестации, но истото важи и за нас надополнето со сознанието дека нема што да се загуби.Беа и со Јиха во составот, па во Ниш пред две години ги победивме со 27-21.