Електронска евиденција на тутунот за да се избегнат можните манипулации

30.10.2014 13:49

Од март почнува електронската евиденција на тутунот со што ќе се надмине проблемот со склучување двојни или тројни договори за иста површина на тутун...

Годинава се очекува производство на околу 24 илјади тони тутун, за петина помалку во однос на лани. Откупувачите се задолжени најдоцна до почетокот на откупот да ги обезбедат потребните финансиски средства во висина на исплатените од претходната реколта.

Од март почнува електронската евиденција на тутунот со што ќе се надмине проблемот со склучување двојни или тројни договори за иста површина на тутун.

Тутунопроизводителите како и досега ќе треба да ја пријават новата реколта во подрачните единици на Министерството за земјоделство, но наместо досегашните евидентни картони, податоците ќе се внесуваат електронски. Од друга страна истата обврска ќе ја имаат и откупувачите.

Ќе се обезбеди и заштита на двете договорени страни од можни манипулации во целиот процес на договарање, производствен и откуп на тутун. Сакаме да ги регулираме прашањата во оваа област, истакна заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски на денешната прес-конференција.