Македонија ќе добие над 664 милиони евра од ИПА II 2014-2020
Вицепремиерот Фатмир Бесими истакна дека ИПА 2 е цврст доказ дека партнерството на Република Македонија со ЕУ е на здрави нозе...

Промовирана е националната стратегија за користењето на ИПА II средствата во периодот од 2014-та до 2020-та година. Средствата ќе бидат искористени за реализација на конкретни и стратешки активности во четири приоритетни области како демократија, владеење на правото и човековите права, социоекономскиот развој, образование и развој на човечки ресурси и земјоделство и рурален развој.
Вицепремиерот Фатмир Бесими истакна дека ИПА 2 е цврст доказ дека партнерството на Република Македонија со ЕУ е на здрави нозе и дека Брисел цврсто продолжува да го поддржува проширувањето на Западен Балкан и во тие рамки на нашата земја.
Евроамбасадорот Аиво Орав истакна дека со цел да ја направи поефикасна примената на ИПА-средствата тие ќе бидат наменети согласно потребите на земјата за спроведување на неопходните рефоми за подготовка за исполнување на крајната цел - членството во ЕУ. Тој изрази надеж дека овие средства ќе бидат искористени и за адресирање на препораките содржани во Извештајот на ЕК за РМ.
Според него, транспрантноста и отчетноста ќе овозможи информирање на граѓаните за успешноста на постигнатите реформи и на процесот на проширување.
