Стабилна и континуирана промоција и афирмација на македонската култура
Министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска го презентираше сработеното и она што е планирано во Националната стратегија 2013-та- 2017-та година. На овој документ се работело подолго време и се направени сеопфатни анализи...

Издаваштвото, ликовната, музичката и драмската дејност – клучни во стратегијата за развој на културата. Дел од стимулативните мерки реализирани, дел дополнително ќе се исполнат со цела да се унапреди улогата и статусот на авторот, да се зголеми продукцијата на дела и да се обезбеди стабилна и континуирана промоција и афирмација на македонската култура во светот.
„Конкурсот за финансирање преводи на дела од македонската литература на други јазици, кој предизвика огромен интерес од страна на странските издавачки куќи, до Министерството за култура се обратија повеќе странски издавачи, досега е обезбедена поддршка за превод на 20 дела од современата македонска книжевност, на 12 странски јазици“, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска.
Во музичко- сценската дејност е спроведен конкурсот за откуп на композиции од класиката, а тука е стимулацијата на домашната забавна и народна музика. За прв пат е воведена и мерка за откуп на драмски текстови. И откупот на уметнички дела беше дел од Националната стратегија.
„До министерството пристигнаа 228 пријави за 605 дела, од кои согласно критериумите и потребата на институциите, беа селектирани дела на 60 македонски автори“, додава Канческа- Милевска.
До крајот на годинава ќе се отвори центар за едукација во рамки на Mузејот на Mакедонија, центар за книга и ќе се почне постапка за изградба на филмски студија.
Последен во низата проекти е Aрхеолошкиот музеј, кој се простира на површина од 6.000 метри квадратни со над 6.000 вредни артефакти, чувари на македонското културно наследство.
Александра Перевска
