Екстерно на факултетите: Да се унапреди обазованието, не да се заплашат студентите

30.10.2014 16:34

Прва дебата за најавеното воведување на државен испит или екстерно тестирање на студентите. За надлежните ова реформа ќе го подобри квалитетот на образованието и нема да ја загрози автономија на универзитетите, а за Младинскиот образовен форум со овој модел, студентите ќе го понесат товарот за неуспешноста на македонското образование...

Есктерното за студентите на јавна дебата. На заедничка маса, инстутициите и невладини организации. Од Младинискиот образовен форум (МОФ) сметаат дека не е потребен ваков метод на оценување кога веќе постои тело што врши евалуација на работата на универзитетите. Според нив, наместо студентите да се оценуваат, подобро е да се утврди каде е проблемот и да се дадат препораки за негово решавање.

„Дури не утврдиме дека постоечките механизми не се функционални, оваа мерка не е во согласност со меѓународните стандарди во делот на надворешна евалуација, особено во делот автономија на универзитет, дури да е во согласност со концептот на автономија, оваа мерка го скратува правото на студентот на образование“, вели Марија Мирчевска, МОФ.

Министерот Адеми вели дека нефункционирањето на механизмите за проверка на квалитетот на универзитетите придонело Владата да се реши да воведе ваков модел на проверка. Според него, тоа нема да ја загрози автономијата на универзитетите која е загарантирана со Устав.

„Нашата цел е да обзебедиме студентите да бидат редовни, да добијат такво знаење во универзитетите за утре кога ќе завршат факултет, да бидат подготвени да се соочат со сите предизвици“, нагласи министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.

Од Државниот испитен центар рекоа дека се подготвени за спроведување на овој модел.

Ваквата реформа, според надлежните се спроведува во голем број земји и таму се покажала како успешна. Намерата не е да се заплашат студентите, туку да се унапреди образованието.

 

Викторија Тодоровска