Пратенички прашања: Провокации не изостанаа и без главната опозициска партија
Прва седница за пратенички прашања на новиот состав. На страната на опозицијата, трите народни избранички кои решија да не бојкотираат и повратниците, пратениците на Мендух Тачи. Провокации не изостанаа...

Кој вас ве прашува за да ве прашам и јас –со ваква костатација, координаторот на ДПА Алиу, ја заврши десетминутната критичка дискусија, упатена до интегративците, на првата седница на пратеничката прашања, без да постави конкретно прашање. Министрите од ДУИ ги нема на седницава. Ги нема ниту на терен, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се позаинтересирани за решавањето на проблемите со кои што се соочуваат етничките Албанци -рече Алиу. Процедурално реагираше координаторот Димовски.
„Повеќе ВМРО-ДПМНЕ води сметка за некои проекти коишто би требало да се остварат во албанските населени места“, рече Имер Алиу од ДПА.
„Да пробате и вие еден ден да ги надминете бариерите и еден ден да чуеме прашања од пратеничката група на ДПА на пример за проблем на граѓаните од Штип или Радовиш“, рече Илија Димовски, коориднатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
За дискусијата на Алиу реагираше и собранискиот спикер.
„Доаѓате на седница за поставуавање на пратенички прашања, си вршите монолог!?“, рече Трајко Вељаноски, претседател на Собранието.
Пред стартот на новите, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се изјаснуваа за добиените одговори од владиниот кабинет, на веќе поставените прашања во писмена форма. Од скенираните состојби на терен во фокусот локалните патишта, образованието, рестартирање на фабрики, исплата на откупениот тутун. За состојбите во прилепската болница заинтересирана либералдемократката Каровска.
„Нема материјал во операционите сали, не се реконструирани операционите сали од ’81-ва, подовите не можат да се чистат, нема апарати за анестезија“, рече Роза Топузовска Каровска, пратеник од ЛДП.
„Оваа година ќе имаме зголемен буџет на ФЗОМ, од околу милијарда денари, со што ќе помогнеме сериозно да се зајакнат буџетите на некои здравствени установи, меѓу кои и општата болница во Прилеп“, одговори Никола Тодоров, министер за здравство.
Првата средба на законодавната со извршната власт помина без најголемиот дел опозициски пратеници, кои и натаму опстојуваат на ставот за неприфаќањето на мандатите.
Виолета Димовска
