Се испитуваат причините како се случила несреќата на автопатот Куманово- Скопје

30.10.2014 17:07

Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Скопје по наплатната рампа Романовце. Автомобилот излетал од патот. Се испитуваат причините зошто...

Во тешката сообраќајната несреќа што се случи денеска на пладне на автопатот Куманово- Скопје, во близина на бензинската станица на Макпетрол со автомобилот „БМВ“ управувал 27 годишниот Б.Р., а во автомобилот  сопатници биле и 32- годишниот Ф.Р., и дваесет и едногодишниот А.Р, сите од кумановското село Черкезе.

Двајцата од патниците се пуштени на домашно лекување, а останатите двајца имаат повреди, информираат од кумановското хирушко одделение.

„Двајца со лесни телесни повреди, едниот е хоспитализиран на нашето одделение со контузија на граден кош, едниот е со тешки телесни повреди со фрактура на долна вилица и тој е транспортиран во Скопје, на Клиника за максилофацијална хирургија“, вели д-р Љубинка Дамјаноска Крстиќ, хирург од Општа болница Куманово.

Инаку петчленото семејство Рушити тргнало со намера во посета на нивен роднина во болница во Скопје. Очевидци кои не сакаа да зборуваат пред камера додадоа дека БМВ-то удрило во банкина и се превртело два пати по што возачот изгубил контола над возилото.

Увид на местото на настанот извршија увдина екипа на полицијата и јавен обвинител. Деталите за несреќата допрва ќе се утврдуваат.

 

Габриела Димковиќ