„Црна пролет“ во Буркина Фасо

30.10.2014 18:37

Буркина Фасо во оган, почнува, како што ја викаат, црна пролет. Војската стрелаше во толпата што ги запали парламентот, штабот на владејачката партија, државната телевизија, куќи на пратеници. Затворен е главниот аеродром. Претседателот Блез Компаоре ја одложи промената на уставот за да може да излезе на избори догодина.

„Владата го информира народот дека ја откажува предложената ревизија на уставот. Повикуваме на смирување и воздржаност на народот“, се вели во владиното соопштение.

Опозицијата повика на граѓанска непослушност и бара смена на власта. Кон протестите се приклучи дел од војската заедно со министерот за одбрана. Не се знае каде е Компаоре, кој владее со земјата 27 години, по државен удар и 4 спорни избори.