Реформите и професионалноста-двигател на МРТ

27.12.2013 19:29

69 години буден информатор за настаните. 69 години  магнет за слушателите  и 49 години за гледачите. Македонската радио-телевизија пред седумдеценискиот јубилеј без ниту ден починка. На годишнината благодарници за оние кои годинава заминаа во заслужена пензија, за оние кои во годинава која изминува дадоа придонес во функционирањето се да изгледа беспрекорно.  Наградата како мотив за гледачот да се задржи со низа интересни содржини од сите области, почнувајќи од детскатапрограма, преку утринската до забавната и информативната.

Сите вработени сме горди на се што сме постигнале во изминатава година, но горди сме и на она што го оставивме за нашите гледачи – рече Мери Попова уредник на забавната редакција

Информативците секогаш растрчани. Се со цел гледачот во вистинско време да ја добие точната информација. Цели 69 години тимската работа , а не поединецот е она што ја прави МТВ успешна.   Се осовременуваме, технички стануваме супериорни, падовите како поука, а успесите ги третираме како мотив.

За добиената благодарница за особен придонес во работата милчо велески смета дека дневно информативната редакција функционира како тим,и токму благодарницата е заокружување на тимската работа.

2014 –та да биде и квалитативно и квантитативно на повисоко ниво -  посакува уредникот на спортската редакција Тони Николовски. Тој вели не очекува светското фудбалско првенство, зимските олимписки игри и очекуваме близу 600 спортски преноси.

Во 2013 година МРТ мина низ процес на сериозни реформи, медиумот се ребрендираше, се реновираа новинарските простории, се набави најсовремена опрема. Процесот продолжува,посветеноста останува.  И ветувањето до гледачите дека ќе едуцираме, информираме и ќе забавуваме. Со содржини кои се по светските теркови.  МРТ незапирливо станува јавен сервис според светските стандарди.

Миле A. Ристески