Израел воведе блокада на „Ридот на храмовите“ во Ерусалим

30.10.2014 18:44

Израел го затвори „Ридот на храмовите“ во Ерусалим и за Евреите и за муслиманите. Тоа е објава на војна, порача палестинскиот претседател Абас. На светото место беше убиен еврејски активист, по што полицијата застрела осомничен Палестинец.

„Меѓународната заедница мора да прекине со дволичноста и да преземе акција против поттикнувачите на смена на статус-квото“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Претходно Шведска ја призна палестинската држава, а Израел упати протест.