Хрватските бранители ги доставија барањата и ги напуштија разговорите

30.10.2014 19:11

Хрватските ветерани кои речиси две недели протестираат пред парламентот, ги доставија своите барања и ги напуштија разговорите. Одбиваат да седнат на маса додека не си поднесе оставка министерот на бранителите.

„По исполнувањето на првото барање, подготвени сме да седнеме на маса и да зборуваме за законот за ветерани“, рече Ѓуро Глогошки, водач на ветераните.

Претходно, премиерот Милановиќ во вонредно обраќање рече дека нема да го смени министерот кого ветераните го обвинуваат дека не направил ништо за нивните права освен кратењето на нивните пензии.