Прогласена вонредна состојба во Буркина Фасо

30.10.2014 19:39

Претседателот на Буркина Фасо Блез Компаоре прогласи вонредна состојба и ја распушти владата за да им стави крај на масовните протести против обидот да си го продолжи владеењето со промена на уставот. Земјата е во оган, почнува, како што ја нарекуваат, црна пролет.

„Од овој момент го објавувам распуштањето на Националното собрание на Буркина Фасо“, изјави еден од демонстрантите.

Гардата стрелаше во толпата што ги запали парламентот, штабот на владејачката партија, државната телевизија, куќи на пратеници. Затворен е главниот аеродром. Опозицијата повика на граѓанска непослушност. Кон протестите се приклучи дел од војската заедно со министерот за одбрана. Компаоре владее со земјата 27 години, по државен удар и 4 спорни избори.