Земјоделците не се заинтересирани за пензии
31.10.2014 10:12
Мерките кои треба да ги мотивираат за по сигурни денови во староста тешко се решаваат да ги користат и да уплаќаат во пензискиот систем...

Само 12.000 земјоделци во државава ќе имаат имаат право на пензија. Другите тешко се решаваат да се обезбедат во староста.
Право на минимална пензија имаат за само 1.600 денари месечна уплата во фондот.
Лани се пензионирале скоро 900 земјоделци со 62 односно 64 години старост и добиваат 5.000 денари месечна пензија.
Основицата за плаќање придонеси за пензиско и здравствено осигурување за професионалните земјоделците е 20 проценти од просечната бруто- плата.
Освен нив се смета дека во државава дури 150.000 лица заработуваат од аграрот како дополнителна дејност.
Методија Трајков
