Македонската историја- инспирација за опусот „Македониум“ на Васил Алачев
Македонската историја и традиција се непресушен извор на инспирација за многу уметници и творци. Тешкиот живот на населението на овие простори и неговата упорност да опстои и да ги помине сите препреки,се мотивите во делата на Васил Алачев...

Со мотиви црпени од богатата македонска историја, 33-те слики дел од маркантниот опус на академскиот сликар Васил Алачев се изложени во домот на културата Антон Панов во Струмица.
Работени изминатите четири децении, опусот „Македониум“ оставаат ликовно-авторски печат на личностите и настаните со кои се пренесува македонското минато од колено на колено.
„Патот од минатото до сега да го врзам во една композиција и да направам слика која за генерациите ќе биде доказ кои сме биле, што сме сега и каде ќе одиме. Македонецот отсекогаш бил надарен од Бога да остане и во најтешките моменти кога бил во спреги и тортури што ги имал низ времето преку сопствената желба за опстанок и јас тоа да го насликам“, вели Васил Алачев, академски сликар.
Творештвото на Алачев претставува сублимат на историски теми преку кои е изразен неговиот личен ракопис.
„Македониум“ на Алачев ќе биде поставен уште во неколку градови во Македонија.
Катерина Давчева
