Макстил затвора, Југохром бара продолжување на рокот за еколошките стандарди
Краен рок за интегрираните дозволи, што мора да ги поседуваат компаниите. Макстил прекина со производството во челичарницата, до ставање во целосна функција на новата филтер- постројка. Во средината на јануари системот ќе биде активиран.

Во претстојниот период ноември 2014 до јануари 2015 следува завршната фаза од реализацијата на проектот нова филтерска постројка. Таа опфаќа монтажа и поврзување на новата постројка со постоечките инсталации. Од средината на декември 2014 до средината на јануари 2015 следуваат ладни и топли проби, по што погонот Челичарница повторно ќе биде активиран, а ќе работи по најстрогите европски норми за емисии на издувни гасови во амбиенталниот воздух, појаснуваат од компанијата.
Производството во погонот Валавница, односно испораката на лимови и задоволувањето на обврските кон купувачите ќе продолжи непречено со полуфабрикат (челични слабови) набавени од увоз.
Југохром, пак, вчера доставил ново барање за пролонгирање на рокот за воведување на стандардите за две години. Барањето треба да се разгледа денеска на владина седница.