Фудбал

Џерард си заминува од Ливерпул?

31.10.2014 11:06

Можно ли е да се замисли заминување на Стивен Џерард од „Енфилд Роуд“? Лондонскиот весник “Дели мејл“ открива дека  легендарниот капитен на „Црвените“ навестува можност за заминување, ако Ливерпул не му понуди нов договор. Стариот му истекува во мај 2015 година.

Џерард во својата 9-та година зачекори во Академијата на Ливерпул и до ден денес му е верен на клубот, чиј дрес од 1998 –та година досега го носел 483 пати!

„Не би сакал да заминам следното лето. И натаму ќе ја играм  тековната сезона и ќе ја чекам одлуката на клупското раководство. Можеби тоа има поинакви планови“- е изјавата на Стивен Џерард.