Кошарка – НБА

„Кралот“ немоќен на враќањето дома!

31.10.2014 11:07

Силниот Кливленд потфрли во првиот меч од новата ера со Леброн Џејмс. „Кавалирс“ кои се меѓу главните кандидати за титулата во 69-та НБА сезона, предводени од Дејвид Блат на клупата, загубија дома од Њујорк со 95:90. Откако во „Медисон Сквер Гарден“ беше понижена од Чикаго и исвиркана од сопствените навивачи, екипата во којашто има само една голема ѕвезда Кармело Ентони, го расипа шоуто во Охајо.

Силниот Кливленд потфрли во првиот меч од новата ера со Леброн Џејмс. „Кавалирс“ кои се меѓу главните кандидати за титулата во 69-та НБА сезона, предводени од Дејвид Блат на клупата, загубија дома од Њујорк со 95:90. Откако во „Медисон Сквер Гарден“ беше понижена од Чикаго и исвиркана од сопствените навивачи, екипата во којашто има само една голема ѕвезда Кармело Ентони, го расипа шоуто во Охајо. Причините се две: лошата игра на Леброн Џејмс кој постигна 19 поени, но со само пет прецизни обиди од игра, со дури десет промашувања и со осум загубени топки, како и одличната вечер на Ентони кој беше најефикасен со 25 коша.

Вториот пораз не е голем проблем за Оклахома како повредата на Расел Вестбрук. „Тандерс“ загубија во Лос Анџелес од „Клиперс“ со 93:90, но по лидерот Кевин Дурент останаа и без Вестбрук кој го повреди зглобот на десната рака, откако во вториот период се фрли по една топка којашто одеше кон публиката. Неговата замена Пери Џонс уфрли 32 поена, но не го спречи поразот за кој најзаслужен е домашниот кошаркар Блејк Грифин кој ги погоди двете клучни слободни фрлања на пет секунди пред крајот како дел од 23-те коша.

Далас по обичај, дома немаше проблеми против Јута. 120:102 во креација на Дирк Новицки и на Чандлер Парсонс кои постигнаа по 21 поен.

Минесота беше подобра од Детроит со 97:91 поради расположените Тадеус Јанг со 19 и Никола Пековиќ со 17 поени и со 10 скокови.

Предводен од Џон Вол, Вашингтон како гостин триумфираше против Орландо со 105:98. Некогашниот прв „пик“, реализираше 30 коша и 12 асистенции.

Резултати:

Кливленд - Њујорк             90:95

ЛА Клиперс - Оклахома     93:90

Далас - Јута                        120:102

Минесота - Детроит           97:91

Орландо - Вашингтон        98:105