Официјални резултати: Сецканиот вакумиран свински врат на Екстра Меин причина за појавата на листерија!
31.10.2014 12:52
Со ова се потврдуваат првичните резултати кои беа добиени во нашите институции и лабаратории...

Сецканиот вакумиран свински врат на Екстра меин е причина за десет заболени од листерија од кои пет починаа. Стигнаа резултатите од две француски референтни лаборатории, препорачани од СЗО, соопштија денеска од Министерството за здравство.
Со ова се потврдуваат првичните резултати кои беа добиени во нашите институции и лабаратории.
Резултатите ќе бидат доставени и до обвинителство за понатамошна постапка, со оглед на тоа што министерот за здравство, Никола Тодоров, претходно поднесе кривична пријава за непознат сторител, соопштија од Министерството за денешната прес- конференција.
Наташа Јанчиќ
