Краен рок за фирмите да воведат фискални ГПРС каси

31.10.2014 12:53

Според последните податоци од околу 8.900 обврзници, само 3.348 успешно се регистрирале...

31 октомври е последниот рок до кога големите даночни обврзници, угостители и бензински пумпи треба да ги инсталираат фискалните ГПРС каси. Со новото решение, УЈП 24 часа дневно, ќе може компјутерски да го следи прометот во компаниите.

Според даночниците ова  ќе треба да резултира со зголемена наплата на даноците, подобра фискална дисциплина, елиминирање на сивата економија, но и помалку инспекции на терен.

Според последните податоци од околу 8.900 обврзници, само 3.348 успешно се регистрирале.

Денеска е последен рок за компаниите со годишен промет од над 10 милиони денари да воведат ГПРС фискални каси.

 

Дијана  Ценевска