Иванов во Белград пречекан со највисоки државни почести

31.10.2014 13:02

На Иванов му беше приреден свечен дочек пред Палатата Србија по што двајцата шефови на држави разговараа за интеграции и состојбите и предизвиците во регионот...

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов ја почна официјалната посета на Србија по покана на неговиот домаќин, српскиот претседател Томислав Николиќ.

На Иванов му беше приреден свечен дочек пред Палатата Србија по што двајцата шефови на држави разговараа за евроатлантските интеграции и состојбите и предизвиците во регионот, економските и културните релации, како и за претстојното претседавање на србија со ОБСЕ.

Одличните билатерални односи се потврдуваат и со најавите за нова заедничка седница на владите на Македонија и Србија.

Утре претседателот Иванов во Белград ќе учествува на 38-та средба на европската група на Трилатералната комисија, што во медиумите се оценува како собир на највлијателните луѓе во светот.