Пожар во зградата на Француското национално радио

31.10.2014 13:16

Според повеќе очевидци кои се наоѓа на местото на пожарот, претходно се слушнале повеќе експлозии на горните спратови кои во моментов се во реконструкција, поточно на последниот спрат...

Сите програми на Француското национално радио – јавниот сервис беа прекинати нешто по 12 часот и 47 минути, поради пожарот кој избувна на повисоките катови на зградата во која е сместен јавниот радиодифиузен сервис, јавува дописникот на МРТ од Париз.

Според повеќе очевидци кои се наоѓа на местото на пожарот, претходно се слушнале повеќе експлозии на горните спратови кои во моментов се во реконструкција, поточно на последниот спрат.

Според Франс 3, поради пожарот и експлозијата повеќе прозорци паднале на земјата.

Сите вработени на Радио Франс се евакуираат од тркалезната зграда на брегот на Сена, која е позната под името „Дом на Радиото“.

Противпожарните служби се веќе на местото на пожарот.

Тони Гламчевски