Штедење: Македонските граѓани имаат заштеди од 197 милијарди денари
Според првиот човек на Народна банка, граѓаните сѐ повеќе штедат во денарска противредност...

Граѓаните во Македонија сѐ повеќе штедат. Надлежните едуцираа, како од најрана вораст да почнат да штедат. Според гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, на овој начин во иднина, на долг рок ќе се добијат нови корисници на финасиски услуги, кои ќе бидат информирани за значењето и бенефитот.
Според првиот човек на Народна банка, граѓаните сѐ повеќе штедат во денарска противредност.
Заклучно со септември оваа година заштедите на населението изнесуваат 197 милијарди денари, што претставува зголемување за 15 милијарди денари во однос на септември минатата година, што е исклучително добро и покажува дека стапката на раст на штедењето се зголемува, вели гувернерот Богов.
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на штедењето.
