Редоследот за настап на Скопскиот фестивал ќе биде познат вечерва!

31.10.2014 13:58

Извлекувањето за утврдување на распоредот ќе се одржи во емисијата „Стисни плеј“ на МРТ1, со почеток во 20:15...

Точниот редослед за настап на учсениците на фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2014“ ќе биде познат вечерва. Извлекувањето за утврдување на распоредот ќе се одржи во емисијата „Стисни плеј“ на МРТ1, со почеток во 20:15.

Во годината на своите значајни јубилеи: 70 години на Македонското Радио и 50 години на Македонската Телевизија, но и во пресрет на прославата на 60 – тото јубилејно издание на Изборот  за песна на Евровизија, идната година во Австрија – Виена 2015- та: МРТ во среда, 12 – ти ноември го најавува новото издание на Фестивалот  на забавни мелодии – Скопје 2014 кое што ќе се одржи  на спектакуларната  сцена во „Метрополис“ арената во Скопје .

Билетите се веќе пуштени во продажба преку мрежата на „Купи карта за се“, по симболична цена од 200 денари. Бројот на билети е ограничен, а со секој купен билет на влезот во Метрополис арената на 12 - ти ноември, МРТ доделува гратис аудио издание со композициите од фестивалот „Скопје“ 2014.

Изведувачите ќе бидат придружувани од Ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, а специјални гости на фестивалот ќе бидат етаблираните поп диви на македонската музичка сцена, Калиопи и Каролина Гочева.

Годинешниот победник на Скопскиот фестивал ќе ја претставува Македонија на јубилејниот, 60-ти по ред Избор за песна на Евровизија во Виена 2015.