Против Чешка на патот до ЕП 2016
На крилјата на воведниот триумф над Швајцарија нашите најдобри раометари отпатуваа на мегдан на селекцијата на Чешка.
Речиси без интензитет но доволно дозирано, избраниците на Ивица Обрван успешно ја решија првата задача од квалификациите за ЕП 2016 во Полска.
Во Злин в недела ги очекува сосема пинаков противник и двобој, иако Чесите вчера беа декласирани од апсолутниот фаворит во групата Франција.

Но, во Шамбери чешкиот селектор Даниел Кубеш играше без осум репрезентативци меѓу кои и двајцата интернационалци, повредените Филип Јиха од Кил и Павел Хорак од Фуксе Берлин, кои нема да играат и против нас.
Свесен дека против актуелниот европски шампион нема шанса предводникот на Чешка од клупата, ги криеше или ги штедеше преостанатите адути кои ќе му бидат неопходни и свежи за еден од клучните дуели за второто место во оваа конкуренција.
Отсуствата и подмладувањето на противникот се последната работа која треба да ги ги опушти нашите репрезенативци пред значајниот дуел. Чесите и покрај сите проблеми во моментов се опасен ривал, особено на свој терен каде што се недопирливи 15-тина години, и учесници на 14 големи настани.
За победа и огромен чекор кон трет последовен настап на Евро шампионатите, потребен ни е прогрес во сите сегменти од играта , особено во индивидуалниот ефект на влијателните ракометари.
Времето за корекции е кратко но искуството и срцето на овој состав големо. Мотиви за борба има, квалитетот го покажавме на последните две Европски првенства во Данска и во Србија кога ремизиравме, односно ја победивме Чешка.