Виктор Орбан се откажа од воведувањето данок на интернет

31.10.2014 15:16

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека предлог-законот за оданочување на користењето на Интернет, што предизвика бурни протести во земјата, „не може да биде прифатен во неговата сегашна форма“, и вети испитување на јавното мислење за истиот во јануари наредната година.

„Данокот не може да биде воведен во неговата сегашна форма. Никаков закон не може да биде утврден во тие околности“, рече Орбан во интервју за државното радио.

По првиот протест на крајот на минатата седмица, неколку десетици илјади лица протестираа на 27 октомври во Будимпешта против предлогот за данок врз користењето Интернет, кој според опозицијата, ги задушува слободите.

Новиот закон, кој требаше да се гласа во Парламентот на 17 ноември, беше остро критикуван и од ЕК. Поради спорните реформи во областа на медиумите и правосудството во првиот мандат, Виктор Орбан претрпе критики и од Вашингтон.