Француското национално радио гори!

31.10.2014 15:23

„Еден дел од зградата, без паника, е во оган. Пожар кој не принудува да ги прекинеме програмите и нашите вести, без загриженост, благодарам г-дине Бијан што бевте гостин во нашата емисија“ – со овие зборови, смирено, десетина минути пред 13 часот, беше прекината програмата на Франс Култур, еден од каналите на францускиот јавен радиодифузен сервис- Радио Франс.

Во тој момент започна мирната евакуација на сите вработени и присутни во трказлезната зграда на  Радио Франс, позната под името „Мезон де ла Радио“, или Дом на Радиото. Очевидците велат дека непосредно се слушнале неколлу експлозии на најгорните спратови на зградата, која во моментов се реконструира и има големи градежнички зафати.

Пожарот е веќе ставен под контрола на пожарникарите, изјави порт-паролот на париските пожарникари  Габриел Плус.

„Во интервенцијата се вклучени шеесетина пожарникари со 16 камиони со цистерни и пумпи кои дозволуваат да се снабдуваат со вода хидрантите на ова висока  зграда за борбата против огнот, за да тој се стави под контрола, што е веќе направено од наша страна. Ви потврдувам дека во моментов кога ви зборувам нема жртви“ – нагласи портпаролот на париските пожарникари.

Веќе подолго време се работи на реконструкцијата на оваа зграда на брегот од Сена во 16-от париски арондисман, изградена во 1963 година. Таа најпрво беше седиште на Француската радио и телевизија, а сега само на француското радио.

Пожарот избувна по експлозиите кои биле слушнати на горните 7 и 8 спрат. А чадот кој излегуваше од последните спратови на зградата е видлив од сите страни на Париз.

Сите програми на француското национално радио Франс Интер, Франс Инфо, Франс Култур, Франс Музик, ФИП, Мов –јавниот сервис беа прекинати нешто по 12 часот и 47 минути, околу 13 часоти 30 минути дел од дежурните новинари се вратија на работните места, но по наредба на префектурата на Париз, тие повторно беа евакуирани.

Тони Гламчевски