Комората за приватно обезбедување доби современ испитен центар

31.10.2014 15:36

Комората за приватно обезбедување ги подобрува условите за работа преку современ обучен испитен центар опремен со нова софтверска апликација за електронско полагање на испит. Преку овој  центар ќе се креира иднината на приватното обезбедување следејќи ги современите трендови.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска посочи дека во рамки на континуираните напори за унапредување на приватното обезбедување, МВР како надлежен регулатор, настојува на држи чекор со промените во останатите општествени сфери.

„Кон крајот на минатата година беа извршени соодветни измени и дополнувања на Законот за приватно обезбедување и со нив се овозможи полагање на теоретскиот дел од стручните испити за физичко и техничко обезбедување по електронски пат преку решавање на тест на компјутер. Со овие новини се настојува да се обезбеди максимална објективност при полагањето на сите кандидати и ќе се води сметка за минимизирање на можностите за било какво влијание при полагањето“, истакна Јанкулоска.

Претседателката на Комората, Верица Милеска Стефановска истакна дека како Комората исполниле една одамна поставена цел за создавање на современ, обучен и испитен центар за кадидатите од областа на приватното обезбедување.

Во рамки на денешното промовирање на испитниот центар беше промовиран и Коментарот на Законот за приватно обезбедување изработен од академски експерти.

Во дејноста приватно обезбедување вработени се околу 5 илјади лица. МВР има деадено дозволи на 190, а во комората се евидентирани 59 агенции за приватно обезбедување.