Земјите од регионот преку заеднички проекти ќе ја реформираат јавната администрација
Регионалното школо за Јавна администрација РЕСПА денес во Скопје организира состанок на кој земаа учество министри од седум земји од западен Балкан. Целта на оваа средба беше да се оценат резултатите и напредокот на земјите од западниот Балкан во имплементацијата на реформите во јавната администрација, како и размена на искуства за процесот на интеграција во ЕУ...

Македонија е домаќин на петтата годишна министерска средба на Бордот на регионалното школо за јавна администрација, проектот РЕСПА, кој финансиски го поддржува Европската унија. Се оценуваат резултатите и напредокот на земјите од Западен Балкан во имплементацја на реформите во јавната администрација, како и размената на искуства за процесот на интеграција.
На крајот на годината Хрватска излегува од групата РЕСПА, а се приклучува Косово, кое сега има статус на земја- набљудувач. Годинава со РЕСПА претседаваше Македонија, а во 2015 - та со проектот ќе координира Црна Гора, а членуваат и Србија и Босна и Херцеговина.
„Беше предложено РЕСПА да се постави како единствена точка за комуникација помеѓу земјите членки на групата за привлекување фондови од ЕУ кои што се од програмата ФП7 или по ново Хоризонт програма 2020. Во привлекување то на тие фондови потребно е заеднички да аплицираат три земји. Ова беше предлог што сите го прифативме за да можеме да аплицираме на проекти што се од заеднички интерес на три или повеќе држави“, вели Иво Ивановски, министер за информатичко општество и јавна администрација.
„Сакам да нагласам дека не е случајно што во стратегијата за интеграција на Западниот Балкан во ЕУ годинава реформата на јавната администрација стана трет стојб.Таа не е само неопходна за да се остварат првите два столба,владеењето на правото и подобриот економски амбиент, туку и нужност за побрза интеграција во ЕУ“, рече Кори Удовички, вицепремиер и министер за државна управа и локална самоуправа на Србија.
Свето Николовски
