Средба Иванов- Николиќ: Потврдена добрата соработка меѓу Македонија и Србија
На покана на претседателот на Србија, Томислав Николиќ, од денес во возвратна официјална посета на Белград е македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов...

Во Белград како нигогаш досега искитен со македонски знамиња. Во атмосфера на пријателство меѓу двата народа остварена првата возвратна официјална посета на претседателот Иванов, која во Белград е најавена како потврда на континуитетот на политичкиот дијалог на највисоко ниво.
На средбата потврдени се добрососедските односи, особено во економијата, на полето на инфраструктурното поврзувања на патниот и железничкиот сообраќај- заедничка констатација на двајцата претседатели.
„Навистина, имаме ралзики во ставовите по некои прашња, но тоа не не спречува во сите други области да имаме извонредни односи, затоа што тоа е позитивн пример во нашиот регион две земји кога имаат некои отворени прашање да не ги блокираат другите односи во други области. За се што постои разлика треба да го решеиме по пат на дијалог“, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов.
Европска интеграција на нашиот регион е најдобар начин зад себе да ги оставиме сите досегашни балкански предрасуди и анимозитети-констатираше Иванов. Според Николиќ, новата спогодба која треба да биде потпишана на наредната заедничка сендица на двете влади че ја интенекономската соработка.
„Постојат значителни можности за унапредување и зголемување на стоковата размена. Претседателот Иванов ја потврди заинтерсираноста за унапредување на патната инфраструктура особено за што поскоро завршување на Коридорот 10. Со завршување на работите на тој коридор до крајот на 2016-та ќе биде комплетирана и патната и железничката инраструктура низ Србија и низ Макеоднија“, нагласи претседателот на Србија, Томислав Николиќ.
Претседателот Иванов оствари средба и со првиот спикер на собранието Маја Гојковиќ.
Утре продолжува посетата на Иванов на Србија, каде ќе одржи говор во рамките на состанокот на Трилатералната комисија, која е затворена за јавноста и на која ќе происуствуваат највлијателните личнсти од светот на бакарството, индустријата и политиката.
Оливер Бранковиќ
