Нема влез во главниот град за транзит товарни возила
Речиси цело деноноќие врне дожд , но сеуште тешко се дише. Освен во Битола каде е намалена концентрацијата на ПМ честичките, во главниот град, Кичево и Тетово неколкукратно се надминати дозволените вредности. Сообраќајниот метеж којшто во Скопје кулминира во дождливо време , дополнително ја влошува состојбата со загадениуот воздух.

Патролата е на своето место. Стоп палката се крева за секое товарно возило коешто сака да транзитира низ градот во период од 7 до 19 часот. Тие се пренасочуваат кон обиколницата. Се пропуштаат само оние на кои им е неопходно да влезат и да ја истоварат стоката. На тие што не знаеле, пак, им се укажува каков режим на возење важи.
Оваа е една од мерките што ги донесе владата и што остануваат на сила заклучно со денешниот ден. Какви чекори ќе бидат преземени ќе зависи од временските услови и стапката на загаденост на воздухот.
Фиљана Кока